Не сакам да ме сакаш само поради мојата насмевка, сакам да ме сакаш и поради моите солзи и приказната која ја кријам. Сакам да ја сфатиш болката позади секоја солза и да ја сфатиш солзата позади секоја насмевка.
Сакам да ме сакаш и поради мојот молк. Заедно со моите мисли кои ме прогонуваат во ноќите кога светот ќе се стиши и мракот ќе ја обземе собата, а мојот ум ќе почне да лута и да преиспитува се што е погрешно во овој свет, се што е погрешно во мојот живот и се што не е во ред со мене. Сакам да се заљубиш во таа тишина.
Не сакам да го сакаш само моето лице, сакам да ме сакаш поради моите очи, да видиш колку се длабоки и да го научиш нивниот таен јазик. Сакам храбро да влезеш во нив и да го погледнеш светот пореку моите очи. Да видиш што гледам, поради што трепнувам, поради што сакам да ги затворам очите, но најмногу што сакам е да видиш како те гледам тебе – како те гледам со љубов.
Не сакам да ги сакаш само моите усни, сакам да се заљубиш во моите зборови. Зборови кои ги изговарам толку меко кога сум ранлива и зборови кои излетуваат како куршуми кога сум лута. Зборови кои ги користам кога го отварам срцето, кога од мене извираат сите моите тајни, полека ти ги давам клучевите од моето срце, еден по еден.
Не сакам да ме сакаш само кога сум нормална, сакам да ме сакаш и кога сум апсурдна. Моите необични мушучки, моите чудни навики и желби. Сакам да ме сакаш поради моите понекогаш нереални очекувања и чудни соништа. Сакам да ја гледаш едноставноста во мојата сложеност и мудрост во моето лудило.
Не сакам да ме сакаш само поради мојата убавина, сакам да ме сакаш поради моите лузни. Затоа што тие лузни ме прават тоа што сум, и тие лузни ми помогнаа да сфатам што сакам, тие лузни покажуваат дека сум била скршена поради љубов и ми помогнаа повторно да засакам. Тие се причината поради која сакам и кога боли. Тие се главната причина зошто ги разбирам и твоите лузни и знам како да ги сакам и како да ги исцелам.
Не сакам да ме сакаш затоа што сум прекрасна, туку поради она што ме прави прекрасна.