Категории

Не се откажувајте кога е тешко – Најдобрите одлуки секогаш доаѓале од тешките времиња

Нешто што не се чува, нема да трае. И кога ќе го погледнете, сè на овој свет е краткотрајно и брзо поминува. И луѓето, работите, настаните, искуствата. И она што сакате да трае – подобро чувајте го! Пазете го срцето! Грижете се за вашата душа! Особено луѓето, тие се кревки, полни со рани и лузни кои не поминуваат толку брзо. И понекогаш е потребно толку малку за целосно да се скрши. Затоа чувајте ги уште повеќе, со малку нежност, убави зборови и насмевка можете да направите чуда.

И кога ќе почнете да чувате некого и вашата сила ќе почне да расте. Затоа што животот ви дава повеќе причини да се борите за нешто, и да бидете посилни од бурите кои кршат се надвор и се внатре. Затоа не се откажувајте кога е тешко. Најдобрите одлуки секогаш доаѓале од тешките времиња. Најјасно се гледаа патиштата напред. Затоа, обидете се да имате доверба во животот дека сè се случува со причина. Ќе дојде време кога ќе ја откриете таа причина, а потоа ќе ја задржите. Ќе ви треба. Дека и покрај се секогаш можете да одите напред.

Прегледи:
473
Објавено на:
22.10.2021