(ВИДЕО) Куче спаси десетгодишно момче од волк кој излегол од шумата во рускиот град Синдор во Република Коми. Камерите за видео надзор го снимиле херојскиот чин на домашно милениче кое го даде својот живот за да спаси дете.
Три деца играа криенка надвор, а едно од нив се криеше зад кочија. Волкот кој излезе од шумата, се упати кон детето. Териерот го забележал дивиот ѕвер, започнал да лае и истрчал кон него. Наместо да го фати детето, волкот притрча кон кучето и го фати за вилицата. Локалното население, кое забележало што се случува, истрчале викајќи кон волкот. Ѕверот го ослободил кучето и побегнал во шумата, но териерот не бил спасен.
Според Николај Халак, шефот на администрацијата на Синдор, инцидентот бил пријавен кај надлежните државни служби. Формиран е тим кој треба да реагира доколку волкот се појави повторно во населбата, објави „Коминформ“.