Категории

Не се вклопуваш во средината? А кој вели дека мораш? – Нека твојата поинаквост стане новиот критериум

Кога сакаш да се вклопиш во нив и да станеш ист како нив, не заборавај дека со тоа и ќе исчезнеш, како капка во океан..

Кој вели дека мораш да бидеш идентична копија на другите за да мораш да бидеш примен во друштвото во кое сакаш да бидеш? Кој вели дека мораш да го избришеш својот лик и да го нацрташ според нечии замисли за да бидеш дел од заедничката приказна? Зошто воопшто би сакал да го направиш тоа? Зошто воопшто би сакал да бидеш дел од нешто во кое не си прифатен онаков каков што си?

Проблемот не е во тоа што не се вклопуваш во средината во која се наоѓаш, проблемот е во тоа што сакаш да се вклопиш во средина која не трепи различности, и мораш да ги исполнуваш туѓите желби за тоа каков мораш да бидеш. А со тоа ги бришеш сите свои желби, замисли, соништа, цели, се бришеш себеси. Кога сакаш да се вклопиш во нив и да станеш ист како нив, не заборавај дека со тоа и ќе исчезнеш, како капка во океан.

Создаден си со нешто кое те прави поинаков, нешто кое прави да отскокнуваш од другите, а тоа не е ништо повеќе од благослов и можност да се докажеш себеси и да направиш нешто поразлично кое ќе биде запаметено.
Си бил даруван со нешто посебно, зошто сакаш да го отфрлиш? Кога еднаш ќе се соединиш со другите, сето тоа ќе исчезне а и ти после кратко време. Твојата приказна нема да биде запаметна, но доколку одлучиш да направиш чекор настрана од другите, можеби еден ден твојата поинаквост ќе стане критериум по кој многумина ќе се водат.

Прегледи:
795
Објавено на:
28.04.2020