Го трошиме нашиот живот на ништо. За да платиме нешта кои никогаш вистински не ни припаѓаат.
Дали навистина ќе не усреќи нешто кое го немаме? Не е ли наивно да се верува дека може да не направи среќно баш таа работа која ни недостига? Дали целата смисла на среќата е собрана во материјалните нешта? Од кога реалноста започна да станува толку еднодимензионална?
А што е со искуствата, со чувствата и сите нематеријални нешта кои не се искусуваат со очите туку со душата?
Треба ли да го потрошиме нашиот живот – купувајќи? Да се затрупуваме со нешта кои не ни се потребни и притоа да ни се лизга од раце сето она кое никому не му е загарантирано?
Зарем вреди да го потрошиме нашето здравје, работејќи неуморно за да си обезбедиме автомобил од соништата, или најновата гардероба од луксузните брендови.. Што ќе биде со нив кога веќе ќе го немаме здравјето, кога веќе ќе не нема нас? Зарем ќе вреди сето тоа?
Го трошиме нашиот живот на ништо. За да платиме нешта кои никогаш вистински не ни припаѓаат. Доаѓаме на овој свет со празни раце, а така и заминуваме. Она што останува и покрај се чувството дека сме живееле, дека сме се смееле, сме сакале, сме биле сакани. Тоа е она за кое вреди да се плати и жртвува се.