Категории

Не си должна никому да објаснуваш ништо!

Пишувам и ти се обраќам тебе, жено.

Тебе, која цел живот некому објаснуваш нешто.

Интерпретираш.

Се правдаш.

Глумиш преведувачка.

Ти се обраќам тебе и сакам да ти кажам да не го правиш тоа.

Што ќе ти е тоа?

Кому му служи?

За чие здравје?

Сакам да ти кажам да не го правиш тоа, не мораш да го правиш тоа.

И едноставно – немој.

Не си должна никому да му ги објаснуваш твоите постапки, избори, одлуки.

Не си должна никому да му се објаснуваш.

Немаш кому да му објаснуваш зошто доиш, зошто не доиш, зошто роди пет или ниту едно и нема да родиш, зошто не јадеш месо или зошто обожаваш ќебапи.

Нема што да му објаснуваш некому зошто имаш вишок килограми или зошто сакаш жени.

Тие сакаат да знаат, да прашуваат, да се мешаат, да се хранат со тоа, но тие не се хранат со тие информации, не. Тие се хранат со твојата енергија, додека ти сето тоа го изнесуваш, објаснуваш, интерпретираш.

Тие се хранат и пијат од тоа, а ти остануваш празна и се сушиш, бидејќи им се даде.

Немој да ги храниш.

Немој да се браниш, иако можеби се чувствуваш нападнато.

Насочи ја енергијата на други работи, работи од кои имаш корист.

Батали ги празните приказни.

Остави.

Не објаснувај никому.

Научени сме дека треба да ги оправдаме нашите постапки, дури и на непознатите и луѓето со кои не сме блиски.

Но, на тоа секоја од нас треба да му стави крај.

Научени сме да должиме некому.

Но, не е така.

Никому не му должиш објаснување зашто си ќелава, зашто си болна, а истовремено нашминкана, како мајка ти умре, а не носиш црно и како си несреќна и тажна, а имаш богати родители.

Ги интересира и тоа зошто не работиш, а имаш пари. Но, повторно ти настапуваш. И не објаснуваш.

Не му должам објаснување ниту на партнерот. Едноставно не му должам. Нема право никој врз мене и моите одлуки, само јас, бидејќи само јас живеам со нив. Никој друг. Баш никој.

Подобро легни да спиеш отколку да трошиш зборови. Од спиењето имаш корист.

Можеби никој не ти кажал претходно, можеби не знаеш, а можеби и си слушнала, па телото автоматски тргнува да објаснува.

Ако нашите баби морале или мислеле дека мора да им објаснуваат на другите, ние сега не мораме и знаеме дека не мораме. Не дозволувај да ти помине животот во објаснување.

Испраќам поддршка до сите жени што живеат онака како што тие сакаат, онака како што ќе изберат.

На останатите им велам дека никому ништо не треба да му објаснуваат.

 

 

 

Автор: Драгана

Преземено од: deca.mk

Прегледи:
917
Објавено на:
10.02.2020