Категории

Не си го добил овој живот за да се досадуваш и да размислуваш како да побегнеш од сѐ

Не си го добил овој живот за да го потрошиш размислувајќи како да побегнеш од секоја битка, како да и се сокриеш на секоја одговорност и да се повлечеш пред сето она кое ти го носи.

Ти си тука за да ги видиш и искусиш сите предизвици и да зајакнеш заедно со нив. Ти си дошол тука за да го истражиш она што ти го носи новиот ден и да откриваш нови можности. Сето останато е пораз за кој самиот си се одлучил.

Ти си дошол на овој свет за да го истакнеш она кое што си и во кое што веруваш, за да се бориш за некој идеал и да покажеш дека е возможно да оставиш трага. Ти си тука  за твоето име да стане синоним за нешто што досега никој не успеал. Ти си тука за да направиш разлика. Не си дојден за да се жалиш дека ти е тешко и да бараш излез во некој друг свет во кој цветаат рози, туку за да сфатиш дека би можеле да цветаат и тука доколку ги засадиш и се грижиш за нив.

Ти не го доби овој живот за да молчиш пред неправдата, да затвораш очи на сето она кое се случува околу тебе, да се плашиш и да живеш во сенка, да зборуваш како на другите луѓе им е подобро и на крајот твоето време да помине во неволјите кои си ги создал сам.

Си го добил животот за да го живееш тука и сега. За да откриеш кој си и што сакаш од него. Само тоа е она кое е вистински важно. Ти одлучуваш!

Прегледи:
466
Објавено на:
20.03.2020