Категории

Не сме ние уморни – Уморна ни е душата од лаги, невозвратени чувства и предавства

Секое утро има една убава и една не толку убава работа. Телото се одморa. Неколку часа сон го снема целиот тој замор претходниот ден. И сè е повторно како ново, и почнува одново. Но, што е со душата? Каде е таа во целата таа приказна? Зошто не е одморена? Таа едноставно е уморна од многу повеќе работи. Од предизвиците на животот, од луѓе кои се тешки. Душата е уморна од безброј обиди за докажување на другите, некохерентни изговори, неостварени соништа и лажни надежи.

Таа е уморна од љубов што не и се возвраќа, од доверба што е уништена, од страв од иднината, која не знае што носи. Уморна од страв, сомнеж и несигурност. Малку од се. На душата и е доста од постојано повторување на истите сценарија, од секогаш слушање на истите приказни, од секогаш добивање на истите повреди. И ништо не се менува. Колку би било убаво да се одмори душата. Како телото. Заборавете на сите лоши работи и почнете одново. Како сосема нова личност.

Прегледи:
557
Објавено на:
29.11.2021