Кога имате работа со тешки или непријателски настроени луѓе, важно е да завземете став. Нема да можете да ги контролирате сите работи кои другите луѓе ви ги прават, но не смеете да дозволите нивните акции да влијаат на вашето срце и ум. Не дозволувајте им на другите луѓе да ви ги прават следниве работи:
1.Непотребни кавги
Не дозволувајте другите да ве вовлечат во непотребни кавги. Не трошете го времето на објаснувања со луѓето кои покажале дека немаат разбирање за вас. Не ја дефинирајте вашата сопствена интелигенција и вредност со бројот на расправии од кои сте излегле како победници.
2.Негативност
Не дозволувајте другите луѓе да ве вовлечат во нивната негативност. Позитивноста е избор. Изберете мудро.
3.Малтретирање
Не дозволувајте другите луѓе да ве злоупотребуваат и малтретираат. Насилното однесување е погрешен начин на однесување. Никој нема право да ја нападне вашата личност.
4.Неискреност
Не дозволувајте им на вашите пријатели да бидат неискрени кон вас. Ако не се искрени, тогаш не ви се ни вистински пријатели.
5.Експлоатација
Не дозволувајте им на луѓето да ве користат. Понекогаш луѓето не ги приметуваат работите кои ги правите за нив, сé додека не престанете да ги правите истите работи. Тоа не е во ред. Вие заслужувате луѓе со кои можете да се смеете, кои не ве земаат здраво за готово и кои нема да ве остават кога ви е најтешко.