Нема потреба никому да му го опишувате својот живот, не морате да се трудите да им докажувате, не морате никому ништо да покажувате, само живејте!
Немате потреба да барате разбирање од луѓето затоа што за оние за кои вредите и онака ќе ви го покажат, а останатите само ќе се преправаат дека ве разбираат. Не морате на никому да му се правдате зошто живеете онака како што живеете, да ги отварате своите скриени мисли и чувства на светлото на денот затоа што луѓето и онака тоа ќе го искористат кога ќе им се укаже прилика.
Зошто целиот живот да го потрошиме барајќи потврда, колку и што добиваме од тоа што некој ќе ни ракоплеска и ќе ни рече „браво“, или едноставно само ќе не пофали. Колку време ги потиснуваме вистинските желби на нашето срце затоа што сакаме да почувствуваме дека другите ни се восхитуваат, дека сме направиле нешто големо. А потоа кога тоа не го забележуваат, затоа што не сакаат да го забележат, ние ги опишуваме сопствените достигнувања и ги покажуваме медаљите и трофеите а нив едноставно не им е грижа за тоа.
Колку време трошиме на различни докажувања? Прво им докажуваме на другите дека вредиме, а потоа истото си го повторуваме на себеси, сакаме некој тоа да ни го потврди, нагласи, да не потсети, а потребно е само да се живее, да се исфрлат различните сомнежи и стравови и само да се препуштиме на мигот кој ни доаѓа. Толку добро сме развиле тактика на различни оправдувања и причини, кои сме ги развиле само за да не живееме, само за да не ризикуваме.
Не треба никому да му го опишувате сопствениот живот, да му се докажувате, оправдувате, затоа што тоа што паѓате е знак дека нешто сте се обиделе, а тоа што станувате е знак дека сте човек кој има лице и карактер, цел и соништа. Ако некој ве осудува знајте дека во својата внатрешност тој и самиот себеси се осудува, ако некој ви покаже дека ве сака знајте дека во својата внатрешност се сака и самиот себеси. Единствено што треба да направите е да живеете, со помалку тежнеење да се докажувате и правдата а со тоа ќе има помалку негативности и повеќе среќа и убавина во вашиот живот.