Категории

Не ви треба многу туѓо мислење кога сте свесни за вашата вредност, сите коцки се склопуваат сами

Знаеш ли колку долго ти трае животот? Еден момент. Само момент, и потоа го нема. Ако сеуште наоѓате време во него за лутина, нервоза, озборувања, неодлучност, тогаш прецртајте го преостанатото време. Тогаш не живееш ништо. Само скромните луѓе ја разбираат таа бесценета вистина на животот. Колку е скапоцен секој момент, колку вреди. И не ви треба многу туѓо мислење кога сте свесни за вашата вредност, сите коцки се склопуваат сами.

Замислете дека вашиот живот е како грст песок во вашите раце. Замислете луѓе, искуства, настани, како различни зрна од тој песок. Ако го стискате грчевито – сè ќе исчезне. Нежно држете го она што го имате во ваши раце! Животот е премногу краток за да го потрошите на нешто што не исполнува. Украдете по малку среќа од секој ден! И убавиба, и внесете насмевка каде што нема. Направете магија кога сè околу вас е мрачно. Би било штета да не ја искористите моќта што ја имате. Би било штета да не го живеете животот што ви е даден на најдобар начин.