Категории

„Не заборавај никогаш сине – Сѐ се враќа!“

„Беа, па поминаа, па повторно дојдоа некои тешки времиња синко мој..“ – рече старецот.

-„Откако знам за себе секогаш се живеело тешко, но порано беше полесно за живеење. Не се имало којзнае што, но срцето било задоволно со она што го имаш. Срцето било полно со љубов од кое се раѓало почитување за луѓето. Таткото бил татко, мајката – мајка а детето – дете.
А денес? Не треба да се зборува премногу, веќе се се знае.

Луѓето секој ден се повеќе се гушат во своите солзи, затоа што среќата за некои е само поим или бајка. Ако мене ме прашуваш сине, јас долго, долго немам почувствувано ни трошка радост и спокој. Долго не сум се насмеал од срце, сине. Знаеш онака – од душа.

Ако ме прашаш за децата, добри се, нека се живи и здрави. Сите имаат свои деца и свои животи. Ми доаѓаат во посета понекогаш, колку што можат, ми даваат колку што можат. Седам тука покрај прозорецот и со часови гледам во далечината, ни сам не знам каде. Гледам и чекам, но кога ќе ги здогледам милите лица на моите деца, како да ме угрева некоја топлина. Но многу ретко, таа топлина многу ретко ме угрева. Велат дека имаат премногу обврски и постојано некаде брзаат.

Запомни, сине мој. Бог дава – а луѓето користат. Сепак, ни дал нешто многу добро, а тоа е дека сите сме деца и сите ќе бидеме родители. Денес сме млади – а утре стари. Денес сме силни – а утре слаби. Да сме живи и здрави, а утре којзнае..
И да, ако има правда, тука некаде се наоѓа. И јас некогаш бев млад и силен. Бев среќен и радосен. И мене моите мајка и татко ме чекале како што сега чекам јас.
Затоа, не заборавај, сине, се се враќа!“

Прегледи:
704
Објавено на:
08.03.2020