Категории

Не заборавајте, секогаш има некој кој ве сака. Многу силно.

Важно е да не си мртов. Некогаш смртта доаѓа многу порано откога срцето ќе застане. Смртта доаѓа кога духовниот живот ќе престане. Смртта доаѓа кога љубовта ќе исчезне…

Одиме забрзано по земјата. Гледаме од замаглените прозорци на своите автомобили. Се гушиме обично во подземни железници во најголеми гужви. Голтаме во пауза за ручек, сендвич приготвен дома, со поглед ги прелистуваме весниците. Брзаме…!

Често сами себе се смируваме: Сега е такво време. Сега секој живее така. Поинакво е темпото на живот, друг ритам, друга динамика. Многу треба да направиме. Имаме толку многу работа. Затоа, мораме да трчаме, да побрзаме. Некако, немаме време за љубов.

Лутаме, на прсти низ нашите животи. Фаќаме делчиња на некои знаења, чувства, впечатоци. Правиме фантастични утописки планови. Се опкружуваме себе си со ‘играчки за возрасни’. Не уживаме длабоко во своите впечатоци и чувства. Затоа немаме време.

Иако и сами не знаеме зошто и кој не’ притиска. На човекот често му се чини дека може многу да постигне во овој живот. Смета на својата сила, својата интелигенција, својот интелект..Заљубени сме во себе! А токму тоа самољубие, ја прави човечката душа- празна, болна и незаштитена.

Животот не е потрага за храна, не е трка на смрт, не е страшна изложба на човечките пороци. Животот е потрага по совршенство, за вистина, за љубов.
Љубовта и добрината се педагози на светот, негови вечни наставници. Но, светот и понатаму е непослушен ученик. И тој често оспорува и нескриен е непријател.
А што ако сме сеуште способни во нашето срце, ако гори голем оган на Љубовта, ако во срцето гори една мала ламба која не се гаси? Тоа е нашата желба да сакаме и да бидеме сакани.
Каде да се најде љубов? На пазар? На клупа? На маргините на животот?
Нас во свеста ни всадиле, дека можеме да се заљубиме само кога сме млади. Затоа што во детството тоа не е сериозн,о а во зрелоста е бекство од секојдневието.

А во љубовта нема слободни денови. Чувствата се раѓаат во душата, надвор од секоја календарска мрежа. Треба да бидеме внимателни, за да не се инфицираме со вирусите на лицемерието и како е се’ залудно. Таа опасност секогаш постои.

Во длабочината на човечките односи секогаш треба да има Љубов, добрина. Желбата да се разбере ближниот, да се почувствува убавината на неговата душа. И ние секогаш се носиме со оваа задача.

Полесно ни е да миеме садови, чаши, тенџериња отколку да го измиеме своето срце од злоба, од осуда, од омраза кон луѓето.
Ние можеме, на пример, внимателно да го испитуваме составот на некој купен производ, за да не се отруеме и по некоја минута така да навредиме некој човек, да го понижиме, за од нас да си отиде, со длабока рана на срцето. И само времето може да направи, таа да зарасне?

Единствено што треба да се научи е да се сака!
Подобро да заборавиме дека живееме во светот кој катастрофално брзо ја губи љубовта, добрината, сочувството и милоста.
Себичноста, индивидуализам, гордост- тоа е мотото напишано на банер, кој светот го носи високо истакнато.

Забава, задоволство, богатство- тоа се целите поради кои човек заборава на совест, на вечна Вистина, на Љубов.
Најважно, треба да негуваме внимание и сочувство едни кон други.
Главно е да не се биде мртов. Бидејќи смртта доаѓа порано откога ќе застане срцето.
Смртта доаѓа кога љубовта ќе не’ напушти. Ако сега ви е лошо, не заборавајте дека има некој што ве сака. Многу силно.

 

 

 

 

Преземено од: О3zona.net