Масленица е древен руски празник со бројни обичаи, кои се одржале низ вековите. Се слави во текот на неделата пред Големиот пост. Масленица во 2018 година се прославува од 12 до 18 февруари. Овој празник е карактеристичен по тоа што се одбележува крајот на зимата и почетокот на пролетта, па поради тоа се смета за особено радосен празник во очекување на топлите денови.
Сонцето како основен симбол на пролетните денови кои следат, симболично се прикажува преку палачинките кои се заштитен знак на оваа недела, поради својата форма и боја идентична со сонцето. Ова е особена весела недела одбележана со многу забава и палачинки во повеќе видови.
По повод оваа недела на сонцето и палачинките, пред започнување на Големиот пост, хотел Руссиа нуди автентично и непоторливо уживање во вкусовите на разновидните палачинки. Во друштво на најблиските, како што доликува за време на оваа недела, хотел Руссиа е вистинското место за одбележување на почетокот на пролетта. На менито на овој хотел може да палачинки какви што досега не сте имале можност да вкусите.
Доколку сте љубители на рибата тогаш совршен избор за вас е палачинката со крем сирење и ладно чаден лосос, а за оние кои преферираат месо тука се палачинката со пилешко месо и палачинката со мелено месо. За сите оние кои сепак палачинката ја сметаат за десерт и ќе се одлучат за блага палачинка, тогаш нема да погрешат доколку одберат палачинката со ванила крем и прелив од јагоди, палачинката со мед или пак совршената мешавина од слатки вкусови во палачинката „Руссиа“.
Покрај забавата и палачинките, овие денови се резервирани за блиски моменти со роднините и пријателите, разменување бакнежи и барање прошка. Сето ова е доволен мотив да одвоите мигови за најблиските, создадени во прекрасната атмосфера на хотел Руссиа „зачинети“ со најубавите палачинки во градот, со надеж на многу убави и топли денови во иднина.