Категории

Недостигот на љубов од друга личност е всушност недостиг на самиот себе

Тој/таа вие првото нешто на кое помислувате наутро кога ќе се разбудите и последното на кое помислувате пред спиење? Полни сте со идеали и очекувања, соништа за тоа како вашата врска се развива и вашата љубов се зајакнува. Давате се од себе затоа што некаде длабоко носите уверување дека љубовта победува се.

Но како што времето поминува, гледате дека соништата не се остваруваат, не го добивате она кое го очекувате и вашата љубов не е доволна. Но не се откажувајте. После секое разочарување соберете ги своите остатоци и се трудите уште повеќе и уште посилно. Мислите, овој пат партнерот можеби ќе почувствува дека се трудите и ќе види колку го сакате и ќе ви возврати со иста мерка. Но, тоа не се случува и никогаш нема да се случи. Затоа што тука не се работи за љубов која се дава и се прима, туку за илузија во која живеете поради своите неисполнети очекувања.

Тој длабок недостиг кој го носиме во себе и кој го сметаме за голема љубов е всушност недостиг за самите себе, за оној дел од себеси кој сме го напуштиле некогаш одамна затоа што бил премногу болен за да се соочиме со него. Сета болка која ја доживуваме во односот кој не ги исполнува нашите очекувања е всушност таа стара болка која другата личност ја извлекува на површина. Тоа е поклон. Иако е лошо спакуван, тоа е сепак еден голем поклон од животот и таа личност.

Партнерот кој не е подготвен да ви ја возврати љубовта на начин на кој вие тоа го очекувате е исто како и тоа кога некој не сака да се соочи со својата болка па избира живот во драма. Ако некој успеал да не доведе до точка на освестување за своите постапки и повреди, треба да му бидеме благодарни и да му возвратиме така што ќе го пуштиме самиот да го пронајде својот пат и својата независност дозволувајќи му самиот да се избори со своите демони.

Тоа е пресврт со кој се случува трансформација, таму каде што конечно сме спремни да ги отфрлиме илузиите од детството, да превземеме одговорност за сопствениот живот и да ги подигнеме стандардите на едно повисоко ниво.

Ставете се себеси на прво место. Вратете се во својот центар. Тогаш ќе бидете спремни за љубов каква што очекувате, затоа што тогаш ќе бидете спремни да ја дадете.

Прегледи:
621
Објавено на:
16.02.2020