Што правиме погрешно во негувањето на забите и што може да биде толку опасно?
Сите знаеме дека треба да ги четкаме забите два пати на ден и да го посетуваме нашиот стоматолог еднаш на шест месеци. Сепак, дури и овие правила понекогаш се занемаруваат. И што уште правиме погрешно?
Вистинска четка за заби
Важно е да се разбере дека треба да се користи забен конец како прв чекор за чистење на забите. Со него, неопходно е да се исчистат празнините меѓу забите од честичките храна, а потоа да се мијат забите. Ако имате нормално меки и розови непца, тогаш потребно е да користите средно тврда четка, а ако имате проблематични, мека четка. Важно е да се разбере дека колку се поголеми забите, треба да изберете поголема четка за заби. Покрај тоа, четките мора темелно да ги миете и да ги замените еднаш месечно.
Погрешна паста за заби
Пастата е сестра на четката за заби. Сосема е погрешно да се избере паста за заби без да се земат предвид вашите потреби. Прашајте го стоматологот каква паста да изберете. Исто така, најдобро е да ја менувате пастата за заби на секои 4 месеци бидејќи забите брзо се навикнуваат.
Погрешно четкање на забите
Строго е забрането да ги четкате забите хоризонтално – ова предизвикува оштетување на емајлот на забите. Правилно се чисти со кружно движење, секогаш навечер и наутро, после појадок. Исто така не заборавајте да го исчистите јазикот.
Користете средство за плакнење
Сигурно таков производ не користите често, но тоа е потребно. Ова е одличен начин да ги заштитите забите и усната шуплина од бактерии и да им помогнете на вашите заби да останат чисти и здрави.
Систем за белеење од дома
Уредите за белење на забите се популарни во последно време. Сепак, има многу повеќе контраиндикации и несакани ефекти на таков систем за белење. Затоа, тие воопшто не треба да ги имате дома, за ова прашање подобро е да се јавите кај стоматологот.
Мартин М. | Среќа.мк