Категории

Негативните луѓе се хранат со твојата несигурност – Биди самоуверен и изгладни ги

Не дозволувај нервите да ти страдаат од луѓе на кои единствена цел им е да ги испровоцираат другите, кој без никаков срам упаѓаат во туѓите животи затоа што немаат што да прават со својот, па се мешаат во сечиј друг.

Задржи го својот мир и не им дозволувај на тие да влегуваат во твојот живот и да ги уништуваат твоите соништа затоа што не успеале да ги остварат своите. На луѓето кои мислат едно, зборуваат друго, а прават трето, тоа им доаѓа природно и нормално.
Не дозволувај нивната пропаст да те повлече и тебе, затоа што тие луѓе ќе те навикнат на својата темнина што еден ден ќе заборавиш како изгледале вистинските бои на животот.

Само заобиколи ги, и внимателно избрија ги своите сопатници. Оние кои се обидуваат да те застанат, да те наведат на погрешен пат и да те задржуваат го прават тоа за ја пополнат својата бесконечна празнина. Немој да им дозволуваш да го крадат твоето време.
Кога ќе поставиш цел – намачи се додека не ја оствариш. Луѓето кои имаат јасна и конкретна цел пред себе не размислуваат за луѓето кои од страна им судат и ги напаѓаат.

Сфати дека постојат разлики во животот, и секогаш ќе постојат луѓе кои сметаат дека нешто правиш погрешно. Но единствено нешто кое е важно е да останеш фокусиран на себеси. Не храни ги со својата несигурност и време, тие еден ден ќе изгладнат и нема повеќе да уништуваат ничиј живот, освен сопствениот.

Прегледи:
791
Објавено на:
29.02.2020