Стрелецот сака неговата жена да се прилагодува на промените
Стрелците не ги прават истите работи секој ден. Ним им треба стимулација, а тоа подразбира нови места, нови луѓе и постојани промени. Ако им покажете дека лесно се прилагодувате и можете да се справите со промените, мажите во знакот на Стрелец во вас ќе препознаат жена со која ќе имаат возбудлив заеднички живот.
Јарецот сака жена ориентирана кон кариерата
Работата е исклучително важна за мажите родени во знакот Јарец, па тие истата посветеност сакаат да ја има и нивната жена. Тоа е логично, затоа што само некој сличен на нив може да ја разбере нивната посветеност на работата. Ако и вам кариерата ви е најважна на листата, најверојатно делите исти карактеристики со мажите Јарци: Независност, компетентност, доверливост и способност за решавање на проблемите.
Водолијата бара жени со слободен дух
Водолиите не бараат традиционални нешта, особено во нивната партнерка. Тие сакаат некоја што ќе биде своја, со свој начин на облекување, дејствување и размислување. Колку повеќе необични сте, толку повеќе ќе бидете интересни за мажите Водолии. Ако имате уникатен начин на согледување на работите, тогаш Водолиите може да го поминат целиот живот изненадени и фасцинирани од вашата личност.
Рибите ќе се оженат со добронамерни жени
Мажите родени во знакот Риби се нежни и љубезни, а тоа е и она што го бараат во нивната партнерка. Тие сакаат нивната сопруга да биде грижлива, да волонтира или пак, да спасува животни. Рибите се многу креативни и може да поминат повеќе часови фантазирајќи си, па затоа им треба некоја која ќе го прифати ова и на љубезен начин ќе ги врати во реалноста.