Категории

Негуваните стапала се одлика на негуваната жена: Спа педикир со пилинг од тропско овошје за совршени нозе!

Колку пати сте биле ситуација неколку денови по класичниот педикир, вашите стапала повторно стануваат суви со видливи траги од пукање и иритација? За да не дојде до вакви несакани последици, студиото за убавина La Sensa ви го овозможува еден од најубавите третмани за нега на стапала – спа педикир со пилинг од тропско овошје.

Ова не е класичен третман, ова е благодет за кожата на стапалата, а воедно покрај естетските, има и здравствени придобивки. Почувствувајте го на својата кожа овој третман кој е вистинско мало патување чекор по чекор до совршени, мазни и меки стапала.

1 ЧЕКОР – Стапалата стојат во спа пена

Овој педикир почнува така што стапалата се потопуваат во нежна и миризлива спа пена. Таа овозможува дезинфикација, ги омекнува и ги подготвува.

2 ЧЕКОР – Се отстранува мртвата и сува кожа

Во однос на големината на здебеленото подрачје, се употребува соодветниот пилинг. на овој начин доаѓа до отстрануваање на мртвите клетки од кожата кои особено се присутни на овој дел од кожата, а воедно ја враќа свежината на кожата.

3 ЧЕКОР – Нанесување пилинг од тропско овошје

Со нанесувањето на пилингот од тропско овошје се обезбедува место за создавање нови клетки, кожата може да дише лесно, а истовремено се исфрлаат штетните материи од неа. По пилингот кожата на стапалата е мека и мазна, сосема различна од претходно.

4 ЧЕКОР – Нанесување потхранувачка маска за затегнување на кожата на стапалата

Маската е неизбежен дел од овој третман, а водено и најголемата разлика помеѓу класичниот и спа педикирот за стапала. Ексклузивната комбинација на билки со овошни киселини го намалува создавањето на мртвите клетки, а поттикнува создавање нови. Поради своите хранливи состојки, оваа маска освен што ја храни, истовремено и ја затегнува кожата.

5 ЧЕКОР – Масажа со хидратантна крема за стапала

Иако звучи необично и речиси неверојатно, на стапалата се наоѓаат точки кои се поврзани со одредени органи. Преку нивна стимулација, поточно масажа, се стимулира и работата на тие органи. Токму затоа, целиот третман покрај естетски има и многу здравствени придобивки.

Подгответе ги своите стапала за пролетната и летната сезона, бидете негувани, свежи и овозможете си го најдобриот спа педикир со пилинг од тропско овошје само во La sensa, студиото за убавина!