Категории

Неизбежно е ќерката да ве надмине, но никогаш нема да го одмине вашето срце!

Односот на мајката и ќерката е еден од најсилните, најпосебните, но воедно и најсложени односи во семејството. Тоа е една од најсилните врски кои само мајката и ќерката можат да ја разберат.

 

Ќерката е девојче кое прераснува во ваша најдобра пријателка, колку и да ви се чини некогаш поинаку. Тоа е мало чудо кое секојдневно станува сѐ поголемо и посебно. Ќе имате многу ситуации кога ќе ви се чини дека негде сте погрешиле, но во очите на вашето девојче вие сте безгрешни. Секако, постојат одредени ситуации во кои кога ќе сфатите дека вие сте виновни, и треба тоа да го изговорите, за вашата ќерка да знае дека секогаш ја слушате.

Вашата ќерка секогаш ќе сфати дека вие сте биле во право кога таа погрешила, тогаш кога ќе има своја ќерка. Дури и кога не ви се допаѓа тоа што го прави, ќе ја сакате бескрајно. Неизбежно е ќерката да ве надмине во разни нешта, но никогаш нема да го одмине вашето срце, колку и да е компликуван вашиот однос.

Меѓу ѕвездите постои посебно место и за татковците кои ќерките ги водат на шопинг. Позади секоја прекрасна ќерка стои маж кој станува сѐ подобра личност и подобар татко од ден на ден. Сите, па дури и најстрогите мажи кои се убедени дека не можат да се променат, ако добијат ќерка во еден момент ќе орузнаат дека една мала посебна дама му го украла срцето.

Затоа, уживајте во посебните моменти со своите деца и ценете ги бидејќи тие се најголемиот успех и вашата најсилна емоција.