Категории

Нејмар останува во Барса до 2021 година

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона ќе го продолжи договорот со Нејмар до 2021 година и ќе постави клаузула за предвремено раскинување од дури 220 милиони евра.

Како што е наведено во весникот „Мундо Депортиво“ двете страни веќе постигнале договор и се очекува Бразилецот да стави потпис на нова соработка по завршувањето на сезоната.

На таков начин Нејмар ќе го продолжи престојот во каталонскиот клуб за уште три години, под значително подобрени финансиски услови, но и со зголемена клаузула за раскин од 30 милиони евра.

Така, според овој план, само Лионел Меси ќе има повисока клаузула, бидејќи раскин на неговиот договор тежи 250 милиони евра.

За Нејмар големт интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, па Барселона сака да го обезбеди бразилскиот напаѓач и во наредниот период да биде играч на „Камп Ноу“.

Прегледи:
466
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
10.05.2016