Категории

Некои луѓе се како камиони со ѓубре – За да се ослободат од својата нечистотија го истураат врз тебе

 

„Еден ден влегов во такси со цел да стигнам до аеродромот. Додека се возевме на десната страна, одеднаш напред пред нас од паркингот излета црн автомобил.
Таксистот силно ги стисна кочниците за да избегне судар за центиметар.
Возачот на црниот автомобил почна да се дере на нас. Меѓутоа, таксистот само се насмевна и пријателски махинално мавна со раката.
Го запрашав: „Зошто го направи тоа? Тој е лудак и речиси ќе ја уништеше твојата кола и ќе не испратеше и двата во болница“
Тогаш таксистот ме научи на нешто кое сега го нарекувам „Закон на Камионот за ѓубре“.
Објасни дека многу луѓе се како камион за ѓубре. Трчаат наоколу полни со ѓубре (фрустрации, лутина, разочарувања). Со оглед на тоа што нивното ѓубре се насобира, потребно им е место каде ќе го исфрлат и понекогаш тоа ќе го направат врз тебе, врз некој предмет или животно.

Не го сфаќај тоа премногу сериозно. Само насмевни се, мавни им и посакај им се најдобро и продолжи понатаму. Немој да го земаш нивното ѓубре и да го споделуваш со другите луѓе на работното место, во домот или на улица.“

Прегледи:
657
Објавено на:
15.12.2020