Категории

Неколку нешта кои моќните дами ги прават секој ден

Ако немате милиони следбеници на Instagram и милиони на банкарската сметка не значи дека не можете да бидете моќна и независна жена.

Во секоја од нас има моќ, само што некои не знаат како тоа да го искористат на вистински начин.

Во продолжение прочитајте што прават секој ден моќните дами и споделете со нас колку од овие нешта ги практикувате и вие.

# Вежбаат пред појадок.

# Секогаш појадуваат.

# Одбираат од вечер што ќе носат следниот ден.

# Во јавниот превоз се однесуваат грациозно и културно.

# Пијат по едно кафе на ден и тоа никогаш после пладне.

# Секогаш му посакуваат добро утро на рецепционерот во нивната компанија.

# Одговараат на мејловите.

# Не се плашат да носат црвен кармин.

# Паузата за ручек ја користат со пријателите.

# Секогаш се нудат да им помогнат на колегите.

# Не се плашат да побараат помош.

# Не се плашат од мажи во одело!

# Секогаш кажуваат “Фала“.

# Приватните повици не ги извршуваат во работното време.

# Знаат дека најтивките луѓе некогаш се најмоќни.

# Редовно прават TO DO листа.

# Не се замараат со мислењето на другите.

# Знаат да се насмеат но и да примат шега.

Прегледи:
330
Ознаки:
· ·
Објавено на:
05.04.2016