Ако имате можност да бирате помеѓу супер згодно момче кое е несигурно во себе и момче кое не изгледа како да е симнато од некоја насловна на магазин но е комуникативен и самоуверен, кој знае што сака и со кого ви е супер забавно, кого би го избрале?
Добриот изглед помага некој да ви пријде и да ве покани на состанок, но за да оставите добар впечаток потребно е да имате изградено комуникациски вештини и да имате самодоверба.
Во продолжение погледнете зошто девојката со самодоверба многу подобро ќе помине кај момчињата од девојката која е само убава:
1. Дамата која има самодоверба знае што сака и не се плаши тоа да го покаже.
2. Самоуверената девојка не се воздржува да ја подели својата духовита, сензуална и авантуристичка страна што ја прави интересна соговорничка и личност.
3. Дамата која има доволно самодоверба изгледа добро во секоја модна комбинација бидејќи се чувствува добро во своето тело.
4. Таа не се труди премногу да го импресионира партнерот на состанокот само за да му се допадне и не се прави нешто што не е бидејќи е свесна за своите доблести и мани.
5. Има доволно самодоверба и нема да се воздржи да му покаже што и се допаѓа, а што не.
6. Нема да толерира непочитување и лоши манири бидејќи знае дека заслужува џентлмен.
7. Не е оптоварена со тоа да се вклопи во сликата на “добра девојка“ бидејќи не ја интересира што другите ќе кажат.