Категории

Нема да завршиш онаму каде што сакаш туку онаму каде што припаѓаш

Престани да се споредуваш себеси каде си со тоа кадесе другите. Тоа нема да направи да се движиш напред со поголема брзина, нема да ја подобри твојата ситуација или да ти помогне да пронајдеш мир.

Тоа само ќе го храни твојот срам, ќе ги распалува твоите чувства на неприпаѓање и на крајот само ќе те направи да се чувствуваш заглавено. Не постои еден точен пат во животот. Секој има свое уникатно патешествие.

Патот кој е вистински за некој друг може да е погрешен за тебе. Твоето патување не е погрешно или вистинско, не е добро или лошо. Едноставно е поразлично. Твојот живот не треба да наликува на нечиј друг затоа што ти не си другите а и не треба да бидеш.

Ти си своја личност, имаш свои сопствени цели, препреки, соништа и потреби.
Затоа престани да се жалиш и започни да живееш. Можеби нема да завршиш онаму каде што сакаш, туку онаму каде што си наменет да бидеш.
Но верувај, еднаш кога ќе дојдеш до крајот, ќе бидеш на вистинското место.
Верувај дека за се постои вистински определено време. Верувај дека твојот живот е доволен и ти си доволен!

Прегледи:
610
Објавено на:
08.11.2020