Пејачот Жељко Самарџиќ веќе со години наназад е еден од најпопуларните пејачи на овие простори.
Освен што тој е успешен во музиката, тој може да се пофали и со тоа дека е семеен човек, оженет е и има три деца, а прв пат стана татко пред 40 години.
По тој повод тој на својот Инстаграм профил објави приватни семејни фотографии со што јавноста се збуни од неговиот изглед пред четири децении.
-На денешен ден пред 40 години прв пат станав татко. Сјајно, здрава и среќна целиот живот да е, напиша пејачот.