Категории

Немате со кого да пиете кафе? – Можеби луѓето ве избегнуваат поради оваа причина

Никој не сака било кого да го критикува, но понекогаш тоа е навистина во наш најдобар интерес и затоа всушност, одвреме навреме на сите им е неопходно.

Ако сте една од оние личности кои однапред не прифаќаат критика, па одбиваат дури и да ја слушнат, значи дека се оградувате себеси од можноста некои нешта вистински да ги промените на подобро и да напредувате во животот. Да остварите добар партнерски однос, да изградите силно пријателство или да постигнете здрава клима на работното место.

Стручњаците велат дека со тоа што им отежнувате на другите да ви кажат што мислат, ги доведувате во позиција да почнат да ве избегнуваат, па не се чувствуваат добро во ваше присуство.

Секако, изговорената критика не треба да ја сфаќате како нешто според кое слепо треба да се водите или да се покорите, па со тоа сосема да забегате од својот пат, туку суштината е во тоа малку да размислите за упатената сугестија, во тишина и самотија. Од нив секогаш можете да извлечете нешто корисно, особено кога се работи за партнерските односи на кои никогаш не е на одмет да се работи.

Кит Ферази, авторот на книгата „Кој ви го чува грбот“ вели дека на ниедна информација не треба да и се дава претерано значење, туку само да се искористи како патоказ кон личниот напредок. Истото важи и ако вие сте оној кој сака да подели конструктивна критика кон некого, но не знае како точно да се постави за да не предизвика гнев или да предизвика солзи кај другата страна.

„Правило број еден е да постапите така што личноста нема да се чувствува загрозено. Морате да и овозможите да сфати дека ви е грижа за нејзиниот успех и тогаш кога за неа искажувате загриженост.“ – порачува Ферази.