Категории

Немате среќа? Проверете дали сте влезени во астролошкиот период наречен Саде Сати!

Во последно време немате многу среќа? Она што го правевте без проблеми сега ви стана многу тешко? Луѓето не ве разбираат? Ова може да значи дека влеговте во астролошкиот период наречен Саде Сати.

Саде Сати или “седум и пол години тага” е еден од најтешките периоди низ кои поминуваме. Кога Сатурн влегува во 12-та куќа на наталната Месечина, човекот се наоѓа во периодот на Саде Сати, кој трае сè додека Сатурн не излезе од 2-та куќа на наталната Месечина. Овој период трае седум и пол години.

Сатурн ја претставува темната страна на нашиот ум, а во овој период тој ќе уништи нешто за да создаде поволни услови за раст на нешто ново. Тој нè учи дека сме ограничени и дека сите материјални работи го имаат својот почеток и крај, дека она што се спојува ќе биде раздвоено и дека сé се враќа од каде што потекнува.

Саде Сати се состои од 3 под-периоди кои траат по две и пол години.

Значење за секој под-период:

1.Фаза

Во првата фаза настаните ќе бидат концентрирани во насока на родителите или на луѓето со кои сме во блиска врска. Се верува дека здравјето на постарите членови на семејството може да биде влошено во овој период. Понатаму ќе има несакани финансиски расходи, одвојување од семејството и или егзистенцијална криза. Можни се деловни проблеми во смисла на губење на статусот или приходот.

2.Фаза

Оваа фаза најчесто се манифестира во нашиот личен и професионален план. Можни се здравствени проблеми или подолго одвојување од најблиските луѓе. За оваа фаза се смета дека прикажува страв од непријатели, некоја форма на затворање, осиромашување, слабеење на позицијата во секоја смисла.

3.Фаза

Се одразува на здравјето, иако повеќе во однос на здравјето на нашите блиски пријатели. Оваа фаза укажува на стресен период, финансиски и деловно, придружен со недостаток на имунитет, хроничен замор и грижа.

Секоја личност во својот живот ќе влезе во периодот на Саде Сати најмалку 3 пати. Сатурн во овие тешки периоди не учи како да ги надминеме своите лични ограничувања, како да постигнеме независност, концентрација, чувство за детали, дисциплина и сериозност, која ни е потребна за да одговориме на предизвиците на животот.

Кога некој е во периодот на Саде Сати, во текот на седум и пол години, тој поминува низ три фази од тој период. За секоја фаза треба да се направи нешто што ќе го смири, олесни и подобри тој период.

Тука можете да израчунате дали сте и/или кога сте биле во периодот на Саде Сати.

https://www.prokerala.com/astrology/sade-sati.php

 

Прегледи:
1201
Објавено на:
29.11.2018