А животот е токму тоа – авантура и не би било истото ако однапред знаеш што ќе се случи следно.
Не мораш да знаеш се, не мораш да имаш се испланирано. Не мораш да ја знаеш целата своја приказна. Ти живееш, се менуваш, твојата душа расте и патуваш низ авантурите на својот живот.
А животот е токму тоа – авантура и не би било истото ако однапред знаеш што ќе се случи следно.
Биди трпелив со себеси, немој да го брзаш случувањето на некои нешта. Немој да бараш причини и да се обидуваш да стигнеш што побрзо до одредена дестинација.
Нештата не се случуваат на тој начин и не би биле толку посебни доколку би можел да ги доживееш онака како што посакуваш. Неочекуваното е секогаш подобро од планираното.