Колку пати досега во животот си рекол „доста ми е од сè“ без да преземеш нешто?
Колку пати во животот си рекол „не можам да живеам вака повеќе“, и после тоа си продолжил да живееш на истиот начин како ништо да не се случило? Си почувствувал колку ти е тешко и билно, си ја сфатил апсурдноста на твојата ситуација, си го допрел дното во егзистенцијален поглед и си ги оставил нештата онакви какви што се. Што треба вистински да се случи за да ја направиш таа промена?
Немој да велиш „доста ми е од се“ а да не ја започнеш твојата нова животна приказна. Никој нема да се бори за тебе доколку не застанеш сам во првите редови. Чувството на слобода е тука за да те натера да размислиш колку всушност вредиш и што заслужува и што ќе направиш со својот живот. Немој да ги кажуваш тие зборови доколку не си одлучил да го погледнеш стравот во очи и да му се спротивстаиш на сетоа она кое те држи заробен.
Одлучи дека сега е вистинскиот момент да ставиш крај на одолговлекувањето и седењето во место. Сега зачекори рамо до рамо со своите стравови и сомнежи и покажи им дека желбата за нов почеток не е само луд сон, туку реалност на која имаш право и ги поседуваш сите нешта за да ја оствариш.