Категории

Немој да мислиш дека Бог мижи пред твоето страдање

Немој да мислиш дека Бог не го интересира твоето страдање. Можеби сето тоа се случува за најдоброто да може да пристигне, да излезе сокриеното од човечките души и конечно да го видиш вистинското лице на другите луѓе кое во убавите ситуации е најчесто сокриено. 

Нити еден родител не може потполно мирно да помине покрај потешкотиите на своето дете. Тој е со тебе и во длабочината на твојата душа и се бори за тебе. Само треба да влезеш внатре и да ја почувствуваш неговата близина. Но често си толку преокупиран со сопствените мисли околу проблемот што не ја гледаш неговата присутност затоа што твојот фокус е само на она што те мачи и оптеретува.

Немој да мислиш дека Бог не го интересира твоето страдање. Можеби сето тоа се случува за најдоброто да може да пристигне, да излезе сокриеното од човечките души и конечно да го видиш вистинското лице на другите луѓе кое во убавите ситуации е најчесто сокриено.
Можеби тој проблем во твојот живот се случува со причина да посветиш повеќе внимание на сопствената душа која си ја занемарил поради грижата за надворешните нешта, грижите околу безначајностите кои го окупирале твојот живот.

Кога најблиските луѓе не ти пружат поддршка која ти е потребна, знај дека Бог е секогаш со тебе и ја држи твојата дланка. Кога ќе го сфатиш тоа, многу полесно ќе можеш да се носиш со повредите кои другите луѓе ти ги нанеле, ќе научиш да простуваш и да гледаш напред.

Има некој глас во твојата глава кој постојано се повторува. Тоа е Божјиот глас кој ти зборува: „Потпри се на мене, те сакам.“ Можеби многу пати си го замолкнал тој глас, но во сите тешки мигови тој се раѓа повторно и повторно и ти дава прилика да го слушнеш јасно. Вратата спрема која Бог те води е вратата позади која се наоѓа сето ново во твојот живот.
Мораш да поверуваш дека Неговиот план и волја за тебе се нешто најдобро што можеш да го замислиш. Потпри се на него!

Прегледи:
580
Објавено на:
08.03.2020