Категории

Немој да трчаш по среќата ако сакаш да пронајдеш среќа

Постои само едно место каде што можеш да ја пронајдеш среќата – во тебе!

Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и меѓународно признат психијатар. Тој прв го развил и користел составот на решавање на судирите кој се нарекува психолошки аикидо.
Според него, доста е важно да научите како да го сфаќате своето опкружување и самите себе. Овие совети ќе ви помогнат да разрешите многу животни ситуации.

-Кога човек нема ништо добро да каже за себе, а сака да каже нешто, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.

-Ако сакаш да стегаш нешто со своите раце, нека тоа биде знаење, а не вратот на својот близок.

-Депресијата е дадена на човекот за да може да размислува за себе.

-Никој никого не отфрла, но некои луѓе одат напред доека некои заостануваат. Оној заостанува се смета себеси за отфрлен.

-Ако мислиш дека си добра личност, зошто ти е важно што другите мислат за тебе?

-Прави го она што го сакаш и не барај дозвола. Нема да ја добиеш.

-Показател на духовната зрелост е способноста да сакаме и способноста да илеземе на крај со осаменоста. Најдобрите нешта ги правиме кога сме сами.

-Незрелата личност често има знаење, но не знае да го примени. Зрелата личност има знаење и знае да го примени. Поради тоа незрелата личност ги критикува другите а зрелата личност делува.

-Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.

-Не постои машка или женска логика. Постои само способност или неспособност да размислуваме исправно.

-Сакате да знаете кој е вашиот најголем непријател? Само погледнете во огледало. Победете го него и останатите ќе се покорат.

-Постигни успех, навредите ќе поминат.

-Убаво е да разговараш со пријателите, корисно е да разговараш со непријателите.

-Немој да трчаш по среќата и ќе пронајдеш среќа. Можам да ти кажам каде се наоѓа среќата – во тебе. Патот до среќата е максимален развој на сите способности.

-Среќата е производ на убаво организираниот живот.

-Подобро да комуницираш со добра книга отколку со празен човек.

Прегледи:
479
Објавено на:
23.02.2020