Категории

Немојте да се предавате поради одбивањата – само кажете „Следно!“

Секој пат кога ќе бидете одбиени, наместо разочарување и солзи, станете исправете се и само кажете.. „Следна!“

Одбивањето не значи крај. Не значи дека тука завршува твојот пат. Значи дека е време да ја промениш својата насока и да се впуштиш во пробување на нешто ново. Сега имаш шанса да откриеш нешта кои досега не си ги знаел, да вкусиш нешто ново.

Одбивањата не значат дека си загубил и дека треба да се откажеш. Тие значат дека мораш да веруваш повеќе во себе и да пробаш повторно со уште поголема желба и со уште повеќе труд.
Замисли што би било ако Волт Дизни ги послушал оние кои му рекле дека му недостига фантазија и дека нема талент, или Елвис Присли на кого му понудиле работа како возач на камион?
Денес не би имале можност да ги гледаме најубавите бајки, нити да слушаме извонредна музика.

Одбивањето значи дека можеби следната врата која се наоѓа пред тебе е онаа вистинската, а не претходните на кои си тропал во надеж дека ќе ти бидат отворени. Секогаш кога ќе се соочиш со одбивање, биди сигурен дека таму некаде стои многу подобра шанса која чека да биде искористена од сите претходни кои не ти биле укажани.

Секој пат кога ќе бидете одбиени, наместо разочарување и солзи, станете исправете се и само кажете.. „Следна!“

Прегледи:
546
Објавено на:
24.04.2020