Категории

Необичен тренд: „Пердув“ веѓи

Мејкап артистката Stella Sironen неодамна објави слика од својот изглед на Instagram која преку ноќ предизвика вртоглава популарност. Креативниот начин на кој даа ги создава своите мејкап изгледи овој пат кулминира во нешто сосема неочекувано и необично, се работи за обликување на веѓите во облик на пердув. Таа изјави дека никогаш не се плашела да експериментира и дека овој изглед го создала како шала, но никогаш не очекувала дека ќе се прошири толку брзо и дека ќе биде прифатен со толкаво воодушевување. После неа на новиот „едиторијал“ тренд се приклучија и бројни останати мејкап артисти меѓу кои и такви кои работат за светските модни брендови. Дали овој тренд наскоро ќе биде практикуван и во секојдневието, останува да видиме..

Прегледи:
547
Објавено на:
20.04.2017