Категории

Необично семејство: Двајцата сакаат иста жена, но и понатаму се добри пријатели!

Актерот на Инстаграм уште еднаш покажа колку е добар со поранешниот сопруг на својата жена. Станува збор за Џејсон Момоа, ѕвездата на серијата „Игри на престолот“, кој веќе со години е во брак со актерката Лиса Бонет.

Лиса претходно беше во брак со Лени Кравиц со кој ја има и 29-годишната ќерка Зои. Со Џејсон се во врска од далечната 2005. година, а парот има и две деца. Иако постојат сомнежи дека се венчале уште во 2007. година, официјално се во брак од 2017. година.

Но, тоа не е причина Лени и Џејсон да не бидат во добри односи. Момците се сложуваат одлично, а тоа го потврдува и објавената фотографија на Инстаграм профилот на Џејсон на која се пофалил како му купил прстен во облик на череп на Лени идентичен на неговиот.

„Лиса и јас сме најдобри пријатели. Денес сме едно големо, среќно семејство и Зои е најважна“, изјавил Лени Кравиц во една прилика.

Прегледи:
456
Објавено на:
12.12.2018