Категории

Неодолив моден додаток: Чорапи од тул

Во својата најнова колекција венчаници за пролет/лето 2018, модната куќа Marchessa претстави бели и црни чорапи од тул носени со сандали и кратки венчаници. Чорапите веднаш станаа огромен хит и палетата се прошири на модели кои можат да се носат во секојдневни варијанти.

Многу модни брендови го проследија стапките на Marchessa и создадоа колекции со доста необични креации и дезени. Тие изгледааг толку неодоливо во комбинација со здолништа и фустани што веднаш ги освоија и блогерките и трендсетерките.

Во продолжение ви ги споделуваме некои од најпопуларните примероци кои доминираат на социјалните мрежи..

Прегледи:
390
Објавено на:
19.10.2017