Категории

Неодоливата драматична колекција на Elie Saab

Апсолутниот миленик на женската популација, Elie Saab, уште еднаш ја маѓепска париската публика со својата нова драматична и неодоливо елегантна колекција.
Реномираниот дизајнер секогаш умее модната писта да ја завие во некоја посебна магија и неизоставно да предизвика воодушевување кај своите верни следбеници и обожаватели. За оваа есен/зима 2017 тој раскажа нова модна приказна преку мрачни и драматични креации во кои доминираат темните длабоки нијанси на смарагдно сина и виолетова. Доминантната црна боја уште еднаш се провлече како неизоставен дел од колекцијата а исто така освежија и светлите розови тонови. Прилично бурните темни креации од чипка, тул и крзно изразено ја нагласија неговата мрачно моќна страна додека затишјето полека се провлече низ ведрите лепршави креации кои ја прикажаа неговата по романтична и нежна страна. Неоспорен е фактот дека и оваа сезона како и секогаш, неговите креации ќе доминираат на црвениот тепих.

Прегледи:
531
Објавено на:
05.03.2017