Категории

Раскошната невестинска колекција на Vera Wang

Апсолутната миленичка на дамите и идните младенки Vera Wang, ја претстави најновата колеквија невестински фустани за сезоната пролет/лето 2018.
Секогаш препознатлива по својот невообичаен шарм, оригиналност и авангардност, во фокусот на белата боја успеа да вдахни нова димензија кај венчаниците во спојот помеѓу традиционалното, модерното и иновативното. Без отстапување од омилените материјали како чипката, жоржетот, шифонот и сатенот, Wang вешто си поигра со асиметричноста,пропорциите и необичните силуети предизвикувајќи ги идните невести да бидат запаметени засекогаш на својот најсреќен ден.

 

Прегледи:
348
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
26.04.2017