Во летниот период кожата произведува поголемо количество на себум зс разлика од зимскиот период, а тоа умее да биде вистински проблем за оние кои вообичаено поседуваат масна кожа поради тоа што ќе мораат дупло да ја зголемат негата на лицето. За таа цел ние ви ги споделуваме неопходните производи кои ќе ви помогнат пожесно да се спрaвите со овој проблем во секое време.
Минерална пудра – таа е неохподен продукт кој морате да го имате покрај себе секогаш кога ви е потребно да ја поправите шминката.
Тоник за лице кој ја чисти, хидратизира и матира кожата е потребно да го користите два псти во денот – на утро и на вечер.
Прајмер за лице кој се нанесува под пудрата и дава матирачки ефект дополнително ќе го спречи мастењето на кожата во текот на денот.
Маска од зелена глина – таа е неопходен продукт за третирање на масната кожа поради тоа што најефикасно ги отстранува нечистотиите. Се препорачува да се користи 2 пати неделно.
Марамици за отстранување на себумот – тие се наменети специјално за отстранување на масниот слој од лицето и можете да ги користите нон стоп кога имате потреба, можете да ги користите и пред да нанесете нов слој на пудра.