Категории

Непишани правила во различни земји коишто сигурно ќе Ви бидат од корист

Кога се зборува за патување, секогаш има асоцијации на нешто убаво, незаборавно и забавно. Секое ново патување носи незаборавни искуства и авантури, а кога станува збор за начин на однесување, честопати си велиме дека сме се однесувале најпристојно што можеме.

Сепак, понекогаш правиме нешто необично или некултурно без ние тоа да го забележиме, едноставно не сме свесни за некои работи.

Без паника, Ви подготвивме неколку непишани правила коишто ќе Ве извлечат од непријатни ситуации:

1. Германците не сакаат доцнење. Пристигнете порано од договореното време доколку не сакате да Ви се налутат.

2. Велика Британија – Заблагодарете му се на возачот на автобус за патувањето кога ќе стигнете на Вашата дестинација.

3. Австралија – Пливајте помеѓу знамињата, во спротивно Вашиот живот ќе настрада.

4. Во Норвешка избегнувајте да седнете до некој во автобус доколку тоа е возможно и не зборувајте со странци.

Прегледи:
345
Објавено на:
28.02.2023