Категории

Неповторлив лик! Погледнете како изгледа во приватноста смешниот Буњамин од „Убавата селанка“ (ФОТО)

Меѓу главните карактери во серијата „Убавата селанка“, посебно урнебесен и духовит е Буњамин кој игра сопруг на Нуртен, а е заљубен во убавата Нихал.

Вистинското име на Буњамин е Тојган Аваноглу, има 33 години и живее во Истанбул. Тојган потекнува од Измир, а уште од детството покажувал интерес кон театарот.

Подоцна се одлучува да студира глума во Истанбул каде продолжува да живее.

Досега имал улоги во неколку познати турски серии, но со улогата на Буњамин во „Убавата селанка“, Тојган стекнува најголема популарност.

Духовит, секогаш насмеан и отворен за нови пријателства, гласат епитетите со кои го опишуваат турските медими овој неповторлив лик кој тешко се заборава.

Не многу различен од она каков го знаеме во серијата, еве како изгледа пресмешниот Буњамин во приватноста.

Прегледи:
1263
Објавено на:
19.05.2016