Категории

Неповторлива ревија на ‘кралиците на срцата’ на Dolce & Gabbana

Познатото италијанско модно дуо Доменико Долче и Стефано Габана навистина умее да направи своите ревии да бидат запаметени и обележани во историјата.

За пролетната сезона тие осмислија нешто што досега не го видовме во пролетните колекции на останатите модни куќи а тоа е многу сексипил, екстраваганција, и гламур. На пистата во Милано прошетаа најпознатите модели во светот облечени како вистински кралици од карти. Во буквална смисла целата просторија беше украсена во циркуски амбиент со висечки карти од плафоните, и модели облечени во чипкани корсети, провокативни фустани, и одела со впечатливи принтови и дезени. Со сигурност ова е една од нај грандиозните ревии оваа година.

Прегледи:
663
Објавено на:
26.09.2017