Категории

Нешта кои една дама нема никогаш да си ги дозволи во љубовната врска

За да опстане љубовната врска, треба многу напор, толеранција и мудрост. Еве што зрелите жени никогаш не прават во врските.

Тие не ја анализираат секоја ситница
Ментално силните жени не го анализираат значењето што стои зад секој збор или постапка на друга личност. Трошењето енергија на такви работи нема смисла, бидејќи повеќето зборови немаат скриено значење.

Не очекуваат партнерот да ги потполни
Зрелите жени најпрво се комплетираат, па дури потоа бараат некој што ќе им го направи животот подобар. Многу е важно жената да може и да знае како да ужива во сопственото друштво, односно да не очекува нејзиниот партнер да го исполни и да и даде значење, туку да го најде во себе.

Тие не го споменуваат минатото
Не враќајте се на секоја кавга од последните години. Избегнувајте непотребно споменување и влечење на минатото во расправија што нема никаква врска со тоа.

Тие не бараат пример во туѓите односи
Зрелите жени се целосно посветени на себе и на својот партнер. Копирањето или фокусирањето на врските и односите на другите луѓе нема смисла, бидејќи секоја врска е различна, за што тие се добро свесни.

Тие не го омаловажуваат својот партнер
Постојано жалење до партнерот за нешто што е поврзано со неговата личност е одраз на неговата сопствена незрелост. Ако не сте во можност да го прифатите како личност со сите свои доблести и маани, зошто воопшто останувате со него?

И ова е она што тие секогаш го прават:

Тие комуницираат
Ментално силните жени комуницираат со својот партнер без оглед на тоа дали врската е добра или лоша. Тие не ги избегнуваат разговорите што треба да се направат, но гледаат на нив како на можности за подобрување на врската.

Прегледи:
514
Објавено на:
14.06.2021