Категории

Нешта кои ќе направат тој да се заљуби во вас како луд

Иако физичкиот изглед е нешто кое не првлекува на прв поглед кај некого, не е сѐ во тоа. Постојат некои нешта кои ќе направат секој маж лудачки да се заљуби во вас, но само ако знаете како правилно да ги искористите.

Страственост
Притоа, овде не мислиме на интимна страственост. Жените кои ја пронашле својата цел во животот и го прават она што ги исполнува се магично привлечни за мажите. Жените кои се занимаваат со некое необично хоби, имаат необични пасии и го сакаат и уживаат во тоа што го прават едноставно зрачат со посебна аура а таа им е неодолива на секој маж.

Автентичност
Многу жени при првата прилика кога ќе влезат во врска, се обидуваат да бидат што покомпатибилни на својот партнер, така на пример ако тие обожаваат летање со параглајер а нивниот партнер се плаши од височини, тие се откажуваат од својата страст само за бидат што е можно по блиски до него. И тоа не се однесува само на екстремни спортови, туку и на карактерни особини. Мажите сакаат кога жените се автентични самите на себе и се држат до својот карактер и она што вистински се без разлика на околината.

Сензуалност
Мажите сакаат жени кои се нежни, женствени, и сенсуални. Никој маж нема да го привлече жена која прави нешта кои треба да ги прави тој. Мажите сакаат да се чувствуваат моќно и мажествено покрај својата партнерка.

Прегледи:
480
Објавено на:
22.10.2019