Категории

НЕШТА КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ МЕНУВАТЕ ПОРАДИ МАЖ

Кога излегувањето со некого се претвора во сериозна врска, тогаш мора да направите жртви еден за друг. Но, доколку почувствувате дека вие сте единствените кои се откажуваат од некои работи и целосно го менуваат начинот на живот, тогаш треба да размислите дали навистина ја посакувате врската. Ова се неколку работи кои никогаш не треба да ги смените поради вашето момче.

Вашите животни верувања

Под ова се подразбира вашата религија (без разлика дали верувате во нешто или не) и политичките гледишта. Никогаш не треба да ги смените овие две работи само за да му се допаднете некому или да го импресионирате. Вашите ставови можеби ќе се сменат со текот на времето, но доколку одеднаш почнете да се преправате дека не ве интересира религијата и обичаите само затоа што вашето момче е атеист или обратно, тогаш правите голема грешка. Со ова ќе се изгубите себеси и ќе станете нешто што не сте.

q2

Вашите вредности

Можеби родителите ве учеле дека не треба да имате секс сè до брак или пак сте пораснале со мислењето дека кога ќе се омажите ќе бидете домаќинка, ќе се грижите за децата и за сопругот и нема да работите. Без разлика за што се работи, ниеден маж кој навистина ве сака нема да ве натера да ги менувате вашите животни вредности за него.

Вашето тело

Можеби мислите дека повеќе ќе му се допаѓате доколку сте малку повисока, послаба или пак со облини, но вистината е дека не знаете што навистина му се допаѓа сè додека не го прашате или пак не ви укаже на нешто. Многу често момците не обрнуваат многу внимание на овие работи, а девојките се подложуваат на диети или на нездрави начини на исхрана само затоа што мислат дека се дебели. Ако навистина ве сака, тој ќе сака да се храните здраво и да бидете среќни. Тој е со вас поради некоја цврста причина и тоа е единственото што треба да ви е важно.

q3

Вашите пријатели

Тој има право да ги коментира вашите пријатели доколку навистина штетно вилјаат врз вас. Доколку не е така, тогаш тој не смее да рече ништо. Затоа, не чувствувајте потреба да престанете да се дружите со некои луѓе само затоа што тој мисли дека не се во ред. И самите знаете дека тие луѓе биле со вас кога ви било најтешко, а него го запознавте пред само 3-4 месеци.

Вашите интереси

Вашето хоби е читање книги, слушање рок музика и пиење кафе. Неговото е сосем различно – тој е заинтересиран за мотори, хип-хоп музика и обожава храна. Велат различностите се привлекуваат, па пробајте да влезете во неговиот свет и да го запознаете со убавините на вашиот. Но, во никој случај не ги менувајте вашите интереси затоа што тој можеби смета дека читањето книги е здодевно.

q4

Вашиот карактер

Не ги менувајте вашите особини доколку забележите дека нешто кај вас не му се допаѓа освен ако навистина е погрешно. Доколку го направите тоа тој ќе се заљуби во некоја ваша верзија која не е вистинската и ова ќе создаде поголеми проблеми во понатамошниот живот. Бидете свои и доколку тој навистина е вашата сродна душа, ќе ве сака со сите маани и проблеми кои ги имате.

Прегледи:
412
Објавено на:
18.08.2016