Категории

Нешта кои само Шкорпиите ги разбираат

Шкорпиите се во основа многу добри личности, но како и сите имаат свои “бубачки“ во глава.

Па ако сте или имате пријателка која е Шкорпија во хороскопски знак, веруваме дека нештата наведени во оваа листа ви се повеќе од познати…

1. Ако некој ви замери, вие ќе успеете да создадете совршен план на освета.

2. Вашите пријатели дознаа за вашиот голем проблем со кој долго време се боревте, дури откако тој помина. Никогаш нема да побарате помош ниту поддршка.

3. На партнерот ќе му се отворите во целост кога ќе бидете подготвени со него да влезете во брак. Бидејќи најмногу од се се плашите да бидете повредени.

4. Вие се чувствувате или најдобро или најлошо, средината не ви е позната.

5. Дури и по повеќегодишно познанство на некои пријатели не им верувате целосно. Секогаш спиете со едно око отворено бидејќи не сте сигурни во намерите на другите.  Тоа е исцрпувачки, но сепак тоа сте вие.

6. Во љубовта играте на се или ништо, бидејќи или станува збор за вистинскиот или не.

7. Имате листа на луѓе кои ви се замериле. Вие тоа никогаш нема да го заборавите. Никогаш!

8. Се правите дека не ги паметите деталите кои вашиот партнер ви ги кажал, дека не се сеќавате на првиот бакнеж и уште многу други работи…

9. Кога ќе влезете во продавница во која има голем ред, вие излегувате. Едноставно немате потреба да чекате.

Прегледи:
463
Објавено на:
02.03.2016