Категории

Нешта кои смеете и не смеете да ги правите после расправија со партнерот

Повеќе од причината за конфликтот во вашиот однос со партнерот може да влијае она кое што се случува помеѓу вас после расправијата, односно, како излегувате на крај со фактот дека сте се се скарале и што да направите или не направите по тој повод.

Некои видови на однесување после расправијата се токсични и треба да ги избегнувате, со цел таа лоша енергија од конфликтот да не доминира во вашиот однос и да предизвика насобирање и незадволство за идни расправии. Тешко е да се прифати конфликтот како дел од динамиката на односот, а тешко е да се одолее на нагонот да се однесувате како ништо да не се случило или она спротивното, после расправијата уште предолго да бидете навредени и дистанцирани.
Како да пронајдете баланс и како да се однесувате после кавгата?

1.Не одбивајте разговор
Тоа што сте навредени и сметате дека сте во право, е помалку важно од волјата и желбата на вашиот партнер да ви се приближи и да разговара со вас. Тој можеби ќе се извини со своето однесување, користејќи го својот „љубовен јазик“ настојувајќи да ве омекне и да ви покаже дека му е жал и не сакал да ве повреди или навреди. А можеби сака и да разговара за врската со аргументи и ви нуди начин да го решите конфликтот конструктивно – да ја совладате вашата повреденост и разочарување и да го вреднувате неговиот начин на размислување и иницијатива за разрешавање на ситуацијата.

2.Заминување во кревет со чувство на лутина
Пристапувајте на ова чувствително прашање внимателно. Мудро е да се реши конфликтот пред заминување на спиење и да се остави конфликтот позади и да не се носи во новиот ден. Но, понекогаш е мудро да се преспие и да се остави главата „да олади“ за наредниот ден да можете да го согледате проблемот од поширока перспектива.

3.Искористете time-out
Ако после кавгата вам или на вашиот партнер му е потребно малку простор и време за себе да олади, размисли или едноставно да се дистанцира од ситуацијата, тоа е сосема во ред.
Но за таа потреба треба да се искажите јасно – барајте тајм-аут и договорете се со партнерот дека ќе разговарате повторно кога ќе ги испроцесуирате случувањата и ќе се чувствувате посмирено и постабилно. Доколку само замолчите и се повлечете, ќе се повлечете во зона на пасивна агресија која е потоксична од отворен конфликт.

4.Не се откажувајте од конфликтот додека не го решите
Тоа често е исцрпувачко и се протега со денови, па и месеци, но паровите кои не се откажуваат само затоа што се умориле од кавгата, всушност покажуваат дека не се се откажуваат еден од друг и дека се упорни во барање решение. Ако сте во состојба да го разгледувате конфликтот од сите страни, додека не дојдете до јаснотија и разбирање, подобро ќе се запознаете и подобро ќе се поврзете со партнерот.

Прегледи:
572
Објавено на:
30.08.2020