Категории

Нешта кои секоја жена ги посакува во врската

Еве кои нешта секоја жена ги посакува од својот партнер

Кога жената нема да ги добие овие нешта од својот партнер во врската, тогаш таа се чувствува разочарано и пати. Тогаш таа се дистанцира од својот партнер и се чувствува како тој да не ја приметува. Овие нешта секоја жена потајно ги посакува во една врска а без нив таа никогаш нема да прифати да опстани покрај маж кој не и ги овозможува истите. Еве кои се тие:

1.Жената сака да се чувствува сакано
Кога жените се чувствуваат сакани, тие се опуштени и отворени. Нема расправии, и во нивните вени тече само топла женска енергија.
Жените сакаат кога им се покажува афекција и внимание, тие сакаат кога партнерот ја забележува промената на нивното расположение, кога имаат некој проблем или нешто ги мачи и партнерот се труди да им помогне и да им ја олесни тежината, во спротивно таа ќе се чувствува како тој да не се грижи за нејзините чувства.

2.Сака да се чувствува сигурно
Жените мораат да имаат сигурен простор во кој ќе се чувствуваат сигурни дека можат да му веруваат на својот партнер. Таа сака да му верува на неговата сила, дека партнерот може да се носи со сетоа она што таа го поседува.
Да биде сигурна кога ќе доживее пораз дека некој ќе биде покрај неа и ќе ја утеши, некој на кого ќе може да му се отвори емоционално и истиот тој нема да направи ништо што дополнително ќе ја растажи и повреди.

3.Сака да се чувствува забележано
Жените сакаат да се чувствуваат забележани. Се што се случува во нивниот живот, дали се чувствуват среќно, тажно, исполнето или разочарано, сакаат сето тоа нивниот партнер да го воочува и да да им биде поддршка во истото.

4.Сака да се чувствува привлечно
Жените сакаат да се чувствуваат посакувани и привлечни во очите на нивниот партнер. Доколку партнерот се однесува спрема неа како што се однесува спрема сите другите жени, тогаш таа ќе се чувствува како да е уште една во толпата, а не негова посебна избраничка. Кога ќе облече нов фустан, ќе направи нова фризура или шминка, жената сака кога нејзиниот партнер ќе и даде комплименти колку прекрасно изгледа.

5.Сака да биде ценета и почитувана
Жените сакаат да бидат потсетувани колку им значат на своите партнери. Кога тие ќе направат нешто убаво за партнерот, сакаат да знаат дека тој е благодарен за истото. Мажот треба да и кажува на својата партнерка колку е среќен што ја има покрај себе.

Прегледи:
374
Објавено на:
10.12.2019