Низ скопскиот воздух овие денови се чувствува симбиоза од најразлични мириси кои водат до една нова локација во центарот на градот каде имате можност да вкусите разновидна храна, збогатена со зачини и сосови чија арома многу бргу допира до срцето на тој што ќе ја осети.
Велат нема поискрена љубов од онаа кон храната, па ако е така подгответе се да доживеете љубов уште на првиот залак која трае засекогаш. Нешто толку добро, нешто толку вкусно, нешто толку уникатно, а сепак за сечиј вкус – со еден збор “Tan Bueno” новиот локал во градот каде што секој ќе го пронајде своето омилено јадење.
“Tan Bueno” е место кое може да го посетите во секој период од денот. Во утринските часови ќе ве пречека мирисот на разни видови бели пецива, како и неодоливиот домашен бурек. За сите љубители на зеленчукот и вегетаријанската кујна “Tan Bueno” нуди свежо приготвени разновидни салати.
Она на што нема да одолеете кога ќе го посетите ова место е вкусот на свежо печено месо во гиро пита, донер или дурум, проследено со омилениот пијалак или кафе кое ви следува со овој оброк.
Како за крај со сигурност ќе оставите место за најубавиот италијански сладолед кој ќе го најдете во сите вкусови за дополнителна насмевка на вашето лице.
Повелете и уверете се во квалитетот кој го нуди “Tan Bueno” затоа што е Толку Добро што ќе ве натера да го посетувате постојано.