Категории

Несвесно ги правите овие 4 катастрофални грешки со вашата коса: Затоа изгледате постаро од што сте!

Погледнете кои вообичаени грешки со вашата коса треба веднаш да престанете да ги правите

Стареењето е сосема природно и нормално, но многу жени не знаејќи прават некои грешки со својата фризура, што ги прави да изгледаат постари одошто се.

Колку и да редовно го посетувате вашиот фризер и да ја негувате косата, понекогаш правите грешки со вашата фризура што ја оштетуваат косата.

 

Премногу долга коса

Сите жени сакаат долга коса, но на одредена возраст едноставно не изгледа убаво. Всушност, изгледа повеќе неуредно затоа што структурата на косата е повеќе кршлива, а косата е тенка.

Од друга страна, ако ја негувате косата до рамената ќе изгледате помладо.

 

Потемна боја на косата

Темната коса е модерна, заводлива и убаво ја рефлектира сончевата светлина. Меѓутоа, ако жената има светол тен, тогаш црната или темно кафеавата може да изгледа нездраво и да ви додаде неколку години.

Значи, ако не сте сигурни која боја на коса одговара на вашиот тен, побарајте совет од вашиот стилист за коса.

 

Премалку волумен

Ако имате сплескана коса ќе изгледате како некој да ја залепил за вашата глава. Не е убаво, зарем е? Плус, ќе изгледате постаро отколку што сте.

Затоа, треба да користите спреј за волумен или да стилизирате лесно брановидна коса – така што изгледа оптички пополна и поздрава.

 

Прекумерна грижа

Верувале или не, премногу грижа може да и наштети на косата.

Понекогаш помалку е навистина повеќе. Користете хидрантен шампон со балсам доволно за тенка коса.

Прегледи:
461
Објавено на:
19.12.2019